Драма во Мадрид, гореше Сантијаго Бернабеу (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Стадионот на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ се запали, објавија шпанските медиуми во средата попладне.

Познатиот стадион веќе подолго време се реконструира, додека „кралскиот клуб“ своите натпревари игра на стадионот „Алфредо ди Стефано“.

Засега не е познат изворот на пожарот на Бернабеу и затоа е невозможно да се утврди штетата предизвикана од него, но Шпанците објавија дека противпожарната единица брзо реагирала.

Пожарот бил локализиран во текот на вечерта, а подоцна ќе се утврди што го предизвикал.

„Сантијаго Бернабеу“ е дом на играчите на Реал Мадрид од 1947 година, а пред почетокот на скапата реконструкција, имаше капацитет од 81.044 места.

Името го носи по легендарниот напаѓач и тоа е првиот стадион во светот каде се одржале и финалињата на Европското и финалето на Светското првенство.

Слични содржини