ДРАМА ВО ПАРИЗ: Полицијата отворила оган врз жена која се заканувала во воз

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Париската полиција денеска отворила оган врз жена која наводно се заканувала во воз, што е најновиот безбедносен инцидент во земјата која го подигна нивото на безбедност поради терористичките закани откако исламски екстремист уби професор во средно училиште овој месец.

Како што дознава „Фигаро“ од полициски извори, жената носела исламски вел, абаја, а заедно со заканите изговарала и зборови со кои го правдала тероризмот.

Полицијата соопшти дека се уште нема информации за состојбата на жената, пренесе АП.

Од полицијата додале дека отвориле оган откако жената не одговорила на нивните предупредувања.

Полицијата реагирала откако патник во возот се јавил на 911 и пријавил дека жена се заканува, но не е познато за какви закани станува збор.

Слични содржини