657
Четири лица нападнале и врзале за дрво жител на кочанското село Нивичани, кој работел како овчар. Настанот се случил вчера претпладне на место викано „Ливади“ во атарот на пробиштипското село Турско Рудари, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Набргу, тој бил пронајден од Д.Т. од с.Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош.
Од МВР информираа дека за случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.