Драма во САД: Фановите панично побегнаа од трибините по пукање пред стадионот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Натпреварот во американскиот бејзбол шампионат помеѓу екипите на Вашингтон и Сан Диего беше прекината по стампедото на навивачите, поради веста за пукање пред стадионот. Американските медиуми објавија дека непознат напаѓач ранил три лица со огнено оружје.

Информацијата брзо се прошири меѓу навивачите, предизвика страв, па повеќето од нив започнаа во паника да ги напуштаат трибините.

На снимките што се појавија се гледа како луѓето трчаат преку трибините, се симнуваат од нив, обидувајќи се да избегнат можен упад на напаѓачите на стадионот.

И покрај апелите на најавувачите да останат на своите места и да останат внатре на стадионот, голем број луѓе го направија спротивното – тие го напуштија стадионот.

Мечот веднаш беше прекинат.

Полицијата набрзо реагираше и се најде на самото место, како и голем број амбуланти кои се погрижија за ранетите минувачи.

Навивачите можеа да се смират едвај откако полицијата го обезбеди местото на пукањето и соопшти дека престанала заканата за луѓето кои биле на самиот стадион.