Драма во Шкотска: Се преврте огромен брод, повредени повеќе од 25 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Дваесет и пет лица се повредени откако брод се преврте во бродоградилиште во Единбург.

Шкотската служба за брза помош соопшти дека 15 лица се префрлени во болница, а десет лица биле згрижени на местото на настанот во Империал Док во Лејт.

Според првите информации, инцидентот се случил откако истражувачкиот брод Петрел бил исфрлен од својот простор на сувото пристаниште.

Од луѓето било побарано да не одат во Ургентниот центар во Кралската болница во Единбург бидејќи лекарите се пребукирани поради несреќата.

Слични содржини