ДРАМА ВО ШПАНИЈА: Вулкан еруптираше за прв пат по пет децении

од Vladimir Zorba

Вулкан еруптираше на шпанскиот остров Ла Палма, испуштајќи лава, како и чад и пепел од националниот парк Камбре Виеја на југот од островот, пишува Анадолија.

Властите започнаа со евакуација на беспомошни луѓе и некои домашни животни од околните села пред ерупцијата во неделата, соопштија властите на островот.

Два часа подоцна, додека реките од лава се слеваа по падината, општината издаде задолжителна наредба за евакуација на четири села, вклучувајќи ги Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан.

Војници беа испратени на островот, а од жителите беше побарано минимално да користат мобилни телефони.

– Во никој случај не треба да се приближувате до лавата, го предупреди општината населението. Ако има вулканска пепел, останете во своите куќи – додаваат општинските власти.

Претседателот на провинцијата Канарски Острови, Ангел Виктор Торес, за ТВЕ изјави дека досега нема повредени, но дека сообраќајот на неколку патишта е во прекин.

Летовите кон и од Канарските Острови продолжија нормално, рече операторот на аеродромот Аена.

Шпанскиот премиер Педро Санчез на својот Твитер профил напиша дека го одложил патувањето во Њујорк за седницата на Генералното собрание на Обединетите нации и дека е на пат за Ла Палма.

Слични содржини