Ученик ѝ приоѓа на наставничката од зад грб, го извлекува столчето на кое седела, а таа завршува на подот додека друг ученик сето тоа го снима со својот телефон – ова е содржината на видеото кое се појави на социјалните мрежи и кое ја изненади јавноста во Србија. Наставничката завршила во Итната помош, за случајот била известена полиција, а управата на училиштето покренала дисциплинска постапка против ученикот.
Инцидентот се случил во Техничкото училиште во Трстеник, а тројца ученици ја малтретирале наставничката. Директорот на училиштето, Милан Глиџиќ, за Euronews Србија изјави дека дисциплинската комисија ќе му предложи на Наставничкиот совет трите момчиња да добијат укори, но и предисклучување или исклучување од училиштето.
Во видеото се слуша како наставничката најпрвин му кажува на ученичкот дека е непристојно да му се стои на некого зад грб, по што тој го извлекува нејзиното столче, а потоа се смеат на нејзиниот пад.
Užas u Trsteniku, maltretiraju nastavnicu i izmiču joj stolicu. pic.twitter.com/zLKDe2KXuB
— krunskisvedok (@noviput) November 16, 2022
Директорот забележува дека инцидентот се случил на 9 ноември во попладневната смена, а веќе следното утро покренал воспитно-дисциплинска постапка против ученикот, информираат од управата на училиштето, односно министерството за образование. Одржан е состанок на Тимот за заштита од насилство, информирани се Центарот за социјална работа и Обвинителството. Наставничката нашла сила да даде писмена изјава.
Сè се случило во училницата на крајот од часот по англиски јазик, а наставничката била понижувана од тројца ученици од трета година.
Глиџиќ вели дека тројцата тинејџери претходно не правеле поголеми проблеми на училиште, дека се немирни, имаат многу изостаноци, бегаат од часови кога имаат писмени и тестови, но вакво нешто досега не се случило.
„Сите сме изненадени“
„Сите сме изненадени. Бидејќи станува збор за малолетници, неопходно е присуство на родители во текот на дисциплинската постапка. Писмено ги известивме родителите. Се јавија родителите на двајца ученици и денеска ќе има дисциплинска постапка за нив. Родителите на третиот ученик не се појавија. Дисциплинската комисија дава предлог до Наставниот совет кој ја одредува казната“, ја објаснува постапката Глиџиќ.
По инцидентот во училиштето, наставничката завршила во Итната помош, а лекарите по службена должност ја известиле полицијата.
„Полицијата беше во училиштето и зедоа изјава од наставничката“, вели директорот.
Тој додава дека родителите на момчињата кои ја понижиле учителката се изненадени и шокирани од однесувањето на нивните деца.