ДРАМАТИЧЕН СКОК НА БРОЈОТ: За еден ден заразени над 8.000 луѓе во Германија

од Берта Китинска

Во Германија, бројот на новозаразени со вирусот драматично се зголеми на повеќе од 8.000 за еден ден, што последен пат било регистрирано во таа земја на 21 мај.

Здравствените институции пријавиле 8.324 нови инфекции на Институтот Роберт Кох (РКИ) во последните 24 часа, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден. Во последните 24 часа, починале 22 лица, што е исто зголемување, имајќи предвид дека пред една недела имаше 14 смртни случаи заразени со корона.

Слични содржини