Ноќта меѓу вторникот и средата, дрон удри во солитер во центарот на Москва, кога одекнала силна експлозија, на само пет километри од Кремљ.
Градоначалникот Сергеј Собјанин истакна дека солитерот бил оштетен кога го удрил дрон, додека очевидци велат дека по 03:00 часот се слушнала силна експлозија, а од правец на тие згради во центарот се гледа како извира чад.
На социјалните мрежи се појавија снимки кои наводно го покажуваат моментот кога дронот удрил во зградата.
Москва ще вночі почала святкувати День Державного прапора України 🇺🇦 💥
Три добрих бобра зробили незабутні феєрверки, один з них вибухнув об будівлю Москва сіті 🤡
Більше фото/відео: https://t.co/COd6XbmKMu pic.twitter.com/yfGk9JTHea— Олександр Аронець (@aronets) August 23, 2023
Во еден момент сè блеснало и почнало да гори.
Руското министерство за одбрана тврди дека дронот изгубил контрола и удрил во објектот.
„Во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана спречија уште еден обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни летала врз градот Москва“, соопшти министерството, нагласувајќи дека нема жртви.
Во текот на ноќта, летовите биле прекинати на бројни аеродроми, но авиосообраќајот, наводно, утрово повторно функционира нормално.