Претседателот на Српското движење за обнова (СПО) Вук Драшковиќ изјави дека нема друга шанса за Србија освен да го прифати германско-францускиот план и дека после тоа односите меѓу Србите и косовските Албанци ќе бидат подобри од односите меѓу косовските Албанци и Албанците во Албанија.
„Ако сакаме да исчезне границата меѓу Косово и Србија, нема подобра или поинаква шанса од овој план. И Косово и Србија во ЕУ и во НАТО, нема граници, една територија, помирување, соработка – кога тоа ќе се случи, a мора да се случи, односите меѓу Србите и косовските Албанци ќе бидат многу подобри отколку меѓу косовските Албанци и Албанците во Албанија“, изјави Драшковиќ за Танјуг.
Тој рече дека премиерот на Kosovo, Аlбин Курти, рекол дека нема да формира Заедница на српски општини, но дека повеќе не го кажува тоа и дека претпоставува дека тоа е последица на „американскиот притисок“.