Изминативе денови бројот на заразени секојдневно расте, ако граѓаните не ги почитуваат мерките ќе се преполнат болничките капацитети ќе се доведат во прашање ресурсите за лекување на болните, порачаа здравствените власти.
Нагло зголемување на бројот на заразени е регистриран во овие градови:
Струмица 535, активни 334
Тетово 1666, активни 249
Кочани 538, активни 192
Куманово 1936, активни 193
Штип 1420, активни 151
Прилеп 878, активни 198
Битола 434, активни 127
За една недела Во Македонија се регистрирани вкупно 2394 нови случаи што е речиси 11% од вкупниот број на граѓани кои се заразиле од почетокот на епидемијата пред повеќе од 6 месеци.
Очекувано, најмногу активни случаи има во Скопје. Во главниот град се уште како позитивни се водат 2178 лица.
Загрижува податокот дека во Струмица иако има нешто над 50.000 жители во моментов има дури 303 активни случаи што во сооднос со бројноста на населението е исто како во Скопје да има близу 5.000 активни случаи.
Вчера беа направени 2306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19
Во болнички услови починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22607, бројката на оздравени пациенти е 16949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4837.