Првиот човек во полицијата, Оливер Спасовски денеска информира деа е намален бројот на кражби и разбојништва на територијата на градот Скопје, откако полицијата ги чува влезовите на најголемиот затвор во државата „Идризово“.
-Намалувањето на кадарот на полициски службеници влијае на ситуацијата. Можам да кажам дека ситуацијата е под контрола. Сето она што е под контрола на МВР – влезовите и контролата на се што влегува е на високо ниво. Од моментот на траењето на кризната состојба и постапувањето на МВР во затворот, драстично се намали бројот на разбојништва и кражби на територијата на општина Гази Баба и градот Скопје, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.
Појасни дека се асистира според оперативен план направен со службата на Казнено-поправната установа „Идризово“ и со Армијата на РСМ во делот на обезбедувањето.
Спасовски информира дека полицијата ќе остане во затворот се додека имаат потреба.