Сè повеќе и повеќе ѕвезди, кои имаат премногу ангажмани ширум светот, купуваат приватни авиони за да патуваат поудобно и да не бидат вознемирувани од љубопитни очи. Типичен пример за ова е Дрејк, кој неодамна го купил Боингот 767 и го уредил по сопствен вкус.
Изведувачот објави видео клип во Инстаграм со кој им се пофали на неговите фанови за новата аквизиција. Таму покажува како се качува на скалата до авионот на кој работниците сѐ уште работат боејќи го надвор.
Авионот сега се нарекува “Air Drake” и неговата конверзија е речиси завршена. Се одликува со 30 места за седење, удобни фотелји и огромен телевизор.
“Јас нема да го изнајмувам, тоа ќе биде само за лична употреба”, вели пејачот во видеото.
Според магазинот “Ервејс”, авионот чини речиси 185 милиони долари без луксузната опрема.
“Леле! Морам да почнам да работам понапорно веднаш. Честитки, мој пријателе “, напишал бизнисменот Мајкл Рубин под објавата на Дрејк.
Претходно, пејачот раскажал пред Yahoo дека секогаш сонувал за приватен авион, а со растот на бизнисот, тоа било овозможено.

Извор: Instagram
