Популарниот канадски рапер Дрејк се најде во центарот на уште еден скандал откако американските медиуми објавија постаро видео на кое може да се види како тој бакнува 17-годишна девојка.

Снимката датира од 2010 година, од концертот во Колорадо, кога раперот имаше 23 години.
Откако ја покани на сцената велејќи дека е „осамен, сингл маж кој нема на кого да се радува кога ќе се врати дома“, Дрејк продолжи да ја бакнува и милува девојката, гушкајќи ја одзади. Тој продолжи да ѝ дава комплименти за физичкиот изглед, пред да се концентрира на нејзините гради.
Сепак, раперот се изненади кога девојката му кажа дека има само 17 години, до тој степен што мораше да ја праша како може да изгледа така ако е малолетна. Изгледа дека шокот беше само привремен, бидејќи тој продолжи да ѝ дава комплименти за физичкиот изглед и градите.
Иако видеото е старо дури 9 години, пред неколку дена почна одново да кружи низ американските и британските медиуми. Сепак, Дрејк и понатаму изгледа непробоен иако во последниот период беше централна фигура околу неколку скандали, меѓу кои и оној за неговиот син роден во тајност, за кој тој не сака да се знае ништо во јавноста.