„Дрисла“ демантира дека на депонијата повторно имало пожар

ЈП Дрисла најостро ја осудува и демантира лажната вест „Ноќеска гореше и Дрисла“ која вчера беше лиферувана од политички центри на моќ за дефокус од нивните скандали, кога всушност никаков пожар вчера немаше, се вели во соопштението на претпријатието

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Телма ТВ

ЈП Дрисла најостро ја осудува и демантира лажната вест „Ноќеска гореше и Дрисла“ која вчера беше лиферувана од политички центри на моќ за дефокус од нивните скандали, кога всушност никаков пожар вчера немаше, се вели во соопштението на претпријатието.

„ЈП Дрисла каде имаше обид за потпалување голем пожар пред 2 дена, со сопствени ресурси и со огромен труд од страна на Противпожарната бригада Скопје се справи со пожарот.

Од тогаш состојбата е стабилна, а вчера низ јавноста беше лиферувана вест дека повторно горело во Дрисла, што е обид за дефокус од скандалот во Трубарево кој можеше да биде повторување на трагедијата во Кочани поради неспособноста и системските недостатоци на одредени институции“, велат оттаму во својата реакција.