Таа е во 2-годишна врска со нејзиното момче Тајга, но Кајли Џенер признава дека неговите пријатели на почетокот го советувале да не излегува со нејзе.

Во неодамнешно интервју, 19-годишната риалити ѕвезда изјави дека тој јасно бил предупреден да не влегува во врска со нејзе.
“Првата година кога почнавме да се забавуваме, сите околу него му зборуваа да не биде со мене. Јас се уште добивам коментари од типот “немој да бидеш со него” вели таа, додавајќи “Ама ние не го правиме тоа за јавноста, ние се сакаме. Ние имаме потреба да бидеме заедно цело време. Ние никогаш не се лутиме еден на друг, ние ги решаваме нештата”.

Кајли инсистира дека нема зла крв помеѓу нејзе и поранешната девојка на нејзиното момче Тајга, Блек Чајна која сега е верена и очекува дете со нејзиниот брат Роб Кардашијан.

Најмалата сестра на Ким Кардашијан исто така откри дека тоа што израснала во очите на јавноста е најтешкото нешто што и се случило.

“Дефинитивно на мене ми е полесно, отколку на повеќето луѓе. Многу врати ми се отворени. Јас не го мразам мојот живот. Јас сум среќна. Но се што доаѓа со тоа – папарците и да не си во можност да правиш нормални нешта? Јас сум славна скоро цел мој живот, само сакам да знам какво е чувството да не сум. Славата не е лоша, но растење во јавност е можеби најтешкото нешто. Не знаеш кој си. Не знаев која сум пред една година и сеуште не знам која сум јас сега. Се обидуваш да пораснеш и правиш грешки и сите го гледаат тоа.” додава таа.