Државата ја одби-се организираат граѓани да и помогнат на Сања да учествува на светската олимпијада по математика

од Vladimir Zorba
97 прегледи

По сторијата што ја објавија повеќе медиуми, на иницијатива на регионалната телевизија Тв М за државната првенка по математика, 17-годишната охриѓанка Сања Симоновиќ, која се соочува со проблем да отпатува на интернационалните натпревари по математика поради немање финансиски средства, мобилизација на повеќе нашинци ама однадвор за помош на младиот гениј од Македонија.

sanja1

За Сања се готоват да помогнат нашинци од  Азија, од Швајцарија, од Словенија. Таа како што  е објавено нема довоно пари да г покрие трошоците за  светската олимпијада по математика што треба да се одржи во Чијан Мај, Тајланд.

Приказната за Сања Симоновиќ ја актуелизираше и, регионалната Тв М а потоа ја презедоа повеќе портали и националната Телма, но сепак тоа не допре до МОН и институциите кои ја одбија охриѓанката за помош за учество на олимпијадата.

Трошоците се околу 2000 евра и несватливо е што во ниту еден момент нема понуда поддршка од државата  туку одбивање или никаква иницијативност  од големите новопечени македонски бизнисмени,   да ги покријат трошоците , туку треба да се мобилизираат нашинци гастарбајтери од странство. На социјалните мрежи жестоки коментари за бедата на општеството кое неможе да си помогне за вакви несекојдневности, и како не умее да искористи вакви генији, да вложува во нив и на тој начин да ја промовира Македонија, како една поинаква  слика  и дестинација

diplomi

– Патните трошоци за да се отпатува на местата каде ќе се одржуваат овие олимпијади се прилично големи и моето семејство не може да ги плати. Затоа би сакала да апелирам до институциите во вид на спонзорство да помогнат.-изјави за OhridNews Симоновиќ.

Сања Симоновиќ е ученичка во трета година и стипендист на приватната гимназија „Јахја Кемал“. Таа е победник на општинскиот, регионалниот и државниот натпревар по математика и националната олимпијада, но поради недостиг на финансиски средства може да ги пропушти претстојните меѓународни натпревари за кои се квалификувала. Сања, инаку првенец на генерација, е единствен ученик од Македонија кој оваа година обезбеди учество на најзначајните интернационални натпреватри по математика, балканската, европската и светската Олимпијада, кои ќе се одржат во Атина – Грција, односно во Минск – Белорусија и во Чијан Мај на далечниот Тајланд.Tаа интензивно се подготвува за натпреварите и очекува дека помошта сепак ќе пристигне.

Првиот од трите натпревари на Сања и претстои за неколку дена. Како дел од од четиричлената македонска репрезентација селектирана од Сојузот на математичари, таа треба да земе учество на Европската олимпијада за ученички во Белорусија.

фото Ohrid News