Државата ќе се задолжи за околу 75 милиони евра

од Vladimir Zorba
90 прегледи
Со аукции на хартии од вредност со рочност од 2,10 и 15 години, државата денеска  ќе се задолжи за околу 75 милиони евра. Долгорочните позајмици кои се практикуваат последниве месеци, според економистите се сигнал дека Македонија го губи курсот на фискалната политика.
viki_4
Професорот Предраг Трпевски од Економски факултет вели дека ова покажува дека Владата го има согледано проблемот и знае дека ваквите позајмици на краток рок тешко ќе се враќаат, затоа прибегнува кон вакви решенија, денешните задолжувања да ги враќаат идни генерации, закучува тој за Телма.
По најавите за повисоки плати, ослободувања од плаќање придонеси, откуп на стаж и таблети, буџетот не личи на оној усвоен во декември 2014. Економистите советуваат владата да направи ребаланс на буџетот и да ги намали трошоците,за да не дојде до создавање нови долгови и зголемување на дефицитот.