60
Полицијата во текот на изминатата вечер апсела на повеќе локации во Скопје, при што приведени се неколку лица. Едно од апсењата се случило утрово во 02.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје.
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.Х.(29) од Германија, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветен поднесоци.