Државна тајна: Како Русија ја чува својата вакцина против Ковид-19?

од Nikola Popovski
290 прегледи

Директорот на Институтот за фармација на универзитетот „Сечен“, Вадим Тарасов, најавил дека податоците за руската вакцина против коронавирусот и нејзиното тестирање се добро заштитени.

„Имаме добро заштитени бази на информации во кои е тешко да се влезе. Информациите за истражувањето на вакцините воопшто не се достапни на Интернет“, рече Тарасов.

Според него, во центарот „Гамалеи“, каде се работи на вакцината, „мислам дека мерките се уште поригорозни“.

Првата фаза од клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот заврши вчера на универзитетот „Сечен“. Првите волонтери биле ослободени од болницата, а другите ќе бидат ослободени на 20 јули. Според Тарасов и другите истражувачи, сите волонтери се чувствуваат добро и добиле имунитет.

Претходно, Велика Британија ја обвини руската разузнавачка служба за сајбер напади со цел кражба на податоци за вакцината против вирусот, како и за мешање на минатогодишните избори во таа земја.