Државната награда „22 Ноември“ за албанологот Зеќирја Незири

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2022 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

За остварувања на луѓе во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија, наградата му се доделува на проф. д-р Зеќирја Незири, албанолог.

Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 22 ноември 2022 година (вторник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Слични содржини