Државниот обвинител на Њујорк побара од судијата да се изјасни за измамата на Трамп уште пред судењето

од Stefanija Kuzmanovska

Државниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс, побара од судијата да донесе одлука, дури и пред судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за неговата наводна измама со давање лажни изјави на банкари и осигурителни компании кога тој ја преценил нето вредноста на својот имот до 2,23 милијарди долари.

Во поднесоците пред државниот суд во Њујорк на Менхетен, Џејмс навела дека доказите во граѓанскиот случај покажуваат дека Трамп и неговиот семеен бизнис објавиле лажни и погрешни финансиски извештаи од 2011 до 2021 година.

Џејмс рече дека наведувањето на преценета вредност на имотот е измама, објави „Ројтерс“.

Помалку од еден час откако Џејмс го поднесе документот до судот, адвокатите на Трамп и другите обвинети поднесоа свои документи со цел да се стави крај на, како што ја нарекоа, „крстоносната војна против претседателот Трамп“.

Џејмс ја поднесе тужбата во септември минатата година, обвинувајќи го Трамп дека лажно ја проценил вредноста на својот имот со цел, како што таа тврди, со измама да добие подобри услови за заеми и осигурување.

Слични содржини