ДС: Ја поздравуваме одлуката на Пендаровски, нема да дозволиме повторно да се изгласа Законот за дивоградби

од Nikola Popovski
314 прегледи

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

„Доколку ваквото законско решение стапеше на сила, тоа ќе ги наградеше прекршителите на законот, правејќи огромна неправда и дискриминација на оние граѓани кои чесно плаќаат комуналии и ја почитуваат законската процедура при изградбата на објекти за домување. Истовремено, ќе беше сигнал за сите граѓани непречено да градат нови дивоградби, надевајќи се дека во иднина ќе има нова амнестија“, велат од партијата.

Тие потсетуваат дека пратеникот на партијата, Павле Трајанов, заедно со независните пратеници на ЛДП и ДОМ, не гласаа за законот и побараа од претседателот Пендаровски да не го потпише.

„Демократскиот сојуз останува цврсто против легализација на дивоградбите и ја повикува Владата да го повлече законот и да не го доставува во Собранието на повторно одлучување.

Доколку законот во иста форма се врати во Собранието, ќе ги искористиме сите деловнивли можности за да не се донесе зсконот во ваква форма и решенија, кои се спротивни на темените Уставни решенија и повеќе други системски закони“, велат од ДС.

Слични содржини