ДС: Се најавува зголемен број на мигранти, тие можат да бидат силно оружје на Владата за бројни манипулации

од desk3
127 прегледи

Деновиве повторно се најавува зголемен број на мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак, како и можна безбедносна криза и нарушување на стабилноста на Република Македонија, поради голем прилив на бегалци.

Ваквите најави можат да бидат силно оружје на Владата за бројни манипулации, па и основа за одложување на изборите.

pavle

Состојбите се доста конфузни и поради најавите на некои земји членки на ЕУ (Унгарија и Австрија), дека бегалците треба да се држат подалеку од нивните граници. Во пракса ова би значело можните “судири” со нив да се одвиваат на Македонско -Грчката граница.

Ова е позната историска теза и пракса, евентуални конфликти па и вооружени судири, да се проектираат и контролирано насочуваат на туѓи територии.

Поради ваквите најави, Демократскиот сојуз, укажува на потреба од исклучителна претпазливост и при градењето на стратегијата за постапување со бегалците да се води сметка за нашите национални интереси, како и целосно почитување на меѓународните конвенции и хуманитарното право за третманот на бегалците.

Во секој случај, сите активности и мерки треба да се усогласуваат со соседните држави и ЕУ, а не поодделно со земји членки на ЕУ.