ДС: Треска е градено со самопридонес на скопјани и никој друг нема право да располага со него

од Берта Китинска
284 прегледи

Од Демократскиот сојуз бараат од советот на Град Скопје и Градоначалникот на Скопје, да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје.

-Езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.Воедно ја повикуваме и Владата на РС Македонија да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претварање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија.Независно какви се постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите, велат  од  ДС.

Слични содржини