ДС: Врвни приоритети, субвенции за електричната енергија и поддршка на сиромашните

од Берта Китинска

Демократскиот сојуз предлага Владата на Република Македонија да ја разгледа можноста за субвенционирање на поскапувањето на електричната енергија за 90% за граѓаните и компаниите или разликата во цената компаниите да ја плаќаат пет години по престанување на енергетската криза.

-Воедно предлагаме социјален пакет за семејствата со ниски приходи,се со цел да можат да се прехранат во услови на енормно зголемување на цените на основните прехрамбени производи,енергија и услуги.Еден од приоритетите за кој треба да расправа Парламентот е и тешката економска и енергетска криза во земјата и справување со последиците,како и спроведување на законските обврски од граѓаните и компаниите кои не плаќаат електрична енергија,данок на промет,данок на додадена вредност итн, соопштија од Демократскиот сојуз.

Слични содржини