ДСЗИ прати инспекциски надзор во Битолската болница: По фотографијата со мртвите пациенти, следуваше и чадор како заштита од фекалии

По вчерашниот голем скандал од битлската болница во кој во иста просторија двајца пациенти примаат инфузија, додека до нив лежат две мртви тела, денеска излезе друг.

Имено, во тоалетот на блницата со чадор се спречува да не течат фекалии врз пациентите кои го користат, а истиот е поставен во близина на таванот.

Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата кадешто болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност.

Тој додава дека во едниот тоалет пациентите сами поставиле нова светилка за да може да имаат светло.

Инаку, за потсетување, по синоќешните фотографии, министерот за Здравство, Венко Филипче, заедно со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денес во Клиничката болница во Битола, за да ги увидат условите во кои се лекуваат пациентите.

„Вонредната инспекциска контрола во оваа здравствена установа денеска ќе се прави за првиот случај и оваа наша активност ќе заврши во текот на денешниот ден, по што ќе информираме за тоа што е утврдено“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 

Слични содржини