Почетна / TOP NEWS / Дуа Липа: Социјалните мрежи предизвикуваат омраза и анксиозност

Дуа Липа: Социјалните мрежи предизвикуваат омраза и анксиозност

Поп-пејачката смета дека социјалните мрежи се вистински расадник на омраза и анксиозност и ги повикува корисниците на интернетот да бидат фини едни кон други.

Таа вели дека понекогаш воопшто не може да чита коментари.

„Во некои денови се чувствувам ранливо и може да прочитам нешта кои не ни сакам да ги видам“, изјавила таа во утринската програма на Би-би-си.

Истото го смета и Селена Гомез, која неодамна изрази загриженост за тоа како младите луѓе се однесуваат на социјалните мрежи.

Дуа Липа минатиот месец апелираше да се води повеќе сметка за менталното здравје на оние кои работат во креативната индустрија. Таа, иако обожава да биде присутна на социјалните мрежи, признава дека често ги избегнува бидејќи некои коментари навистина ја вознемируваат.

„Тие може да бидат одлична алатка и некогаш е забавно да споделуваш нешто со своите пријатели, но во исто време се вистински расадник на омраза и анксиозност“, додала таа.

Во истото интервју, Дуа Липа истакнала дека е феминистка во вистинска смисла на зборот, но и дека во слободното време гледа сатирични серии и обожава да готви.

Првата песна ја напишала на шестгодишна возраст, на албански јазик, и ѝ ја посветила на својата мајка.

loading...