Дуда: Лично ќе ѝ помогнам на Македонија, доколку Бугарија не ја тргне блокадата

од Nikola Popovski
421 прегледи

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска најави дека Полска може да преземе конкретни чекори, доколку Бугарија не ја тргне блокадата за Македонија за членство во ЕУ.

-Бугарија е во изборен процес и се уште нема влада. Се надевам дека новоформираната влада ќе има поконструктивна позиција и став околу пристапувањето на Македонија во ЕУ. Полска дава безрезервна поддршка на Македонија и би сакал јавно да истапам дека ако Бугарија и понатаму реагира неконструктивно и каже „не“ за влезот на Македонија во ЕУ, јас лично ќе се залагам за изготвување на документ, патоказ, кој ќе ѝ послужи на Македонија полесно да се справи со ова прашање, рече Дуда како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини