16
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е најдобрата шанса за мир во Украина и ги повика европските сојузници да останат смирени во врска со неговата тарифна политика, која ја нарече „шок терапија“.
Дуда за „Скај њуз“ објасни дека Трамп со своето искуство во светот на бизнисот и преговорите користи тактика што ја применил во трговските преговори, што може да донесе резултати и во политичките преговори, особено кога станува збор за Украина.
Тој нагласи дека Трамп, како лидер одговорен пред американските даночни обврзници, мора да се сфати на специфичен начин и дека европските сојузници треба да бидат трпеливи и смирени кога станува збор за неговите политики.