
Ова им го препорача пратеникот на СДСМ, Курто Дудуш, на граѓаните Роми, кои гласаа за него, како за свој претставник во Собрание. Но премиерот, Зоран Заев, денеска се дистанцираше од изјавата на пратеникот, и го повика да ги повлече зборовите и да побара извинување.
Но пратеникот Дудуш не мисли дека направил ншто погрешно ,за кое треба да бара извинување. Поради празниците тој не беше во состојба да даде изјава пред камера, но во писмен одговор рече.
„Видеото не е пренесено во целост, ниту преводот од Ромски на Македонски јазик е соодветен. Никое мое дело како пратеник до денес а и во иднина нема да биде во насока на спинуваната вест. Затоа ве повикувам да ме следите во мојата работа и доколку има докази за било какво уважување на партиската книшка освен за политичка афилијација, прв ќе се извинам. Но дотогаш се чувствувам морално ослободен од преземање вина за нешто кое е извадено од контекст, кое не се случило ниту ќе се случи, бидејќи тоа е практика на режимот против кој демократски се боревме изминатите 11 години.“
Пратеникот Курто Дудуш, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ им порача на, како што ги нарекува тој “опозициските медиуми“ да не објавуваат монтирани видео материјали ,само колку да имаат ексклузивна сторија.
Тој ги повика медиумите, да се занимаваат со спомениците од проектот “Скопје 2014“ за кои се потрошени многу пари, а кои можеле да се употребат за изградба на засолништа во кои би се сместиле илјадници Роми кои живеат по улиците на Македонија.