Дуев: Не може дете што учи петто одделение, да започне шесто по нова програма

од Берта Китинска
466 прегледи

Реформи треба да има, но, за сериозни реформи треба време, треба финансиска конструкција и да се почне проактивно, смета универзитетскиот професор Ратко Дуев.

-Никако не можеме да скокаме, тоа се случуваше и со претходните реформи, не можеме ние сега дете што учи петто одделение, да започне шесто по нова програма. Тоа е уставно загарантирано, со секое скокање, ретроактивно враќање на процесите се јавуваат овие проблеми и мислам дека тоа е клучниот проблем со кој се соочуваме сега. тука е и загриженоста на родителите, а образованието како сектор има 33.000 вработени, плус 220.000 активни ученици, имаме активни професори, вработени, роднини итн. реформите во образованието бараат многу внимание и многу темелна анализа и дебата за да не дојдеме како сега, до вакво дебатирање и да се чудиме зошто е вака и зошто е така, вели Дуев.

Слични содржини