„Духот од Киев“: Митот за бестрашниот пилот на МиГ-29 кој досега собори неколку руски борбени авиони (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Низ Украина, особено на социјалните мрежи, се шири митот за „духот од Киев“, бестрашниот пилот на МиГ-29 кој досега собори неколку руски борбени авиони.

По социјалните мрежи се проширија снимки од украински воен авион како лета над неколку нападнати градови. Иако се уште не е јасно дали се работи за истиот пилот, се појавија теории дека тој е „херој“ и „прв европски ас по Втората светска војна“. Тоа е „титула“ што ја заслужуваат само оние кои во конфликт соборуваат најмалку пет непријателски авиони.

Но, како што пишува „Newsweek“, тоа веројатно е само урбана легенда создадена за да го зголеми моралот на Украинците во тешките времиња на руската инвазија.

Имено, нема докази дека „херојот“ постои, а украинските власти не го потврдија неговото постоење. Генерлот на украинската армија Валериј Залужни само изјави дека најмалку шест руски борбени авиони и два воени хеликоптери биле соборени во четвртокот.

Сепак, Украинците веруваат во него.

– Ве молам да го задржите вистинскиот дух на Киев, напиша на Твитер Џејсон Калаканис, споделувајќи снимка од девет секунди од авионот кој лета над украинскиот град.

„Ги молам големите медиуми да откријат дали тој навистина постои и дали е вистина дека херојскиот украински пилот сам соборил шест руски авиони, бидејќи тој ќе стане важен симбол на отпорот на Украина кон воените злосторства на Путин“, напиша писателот и адвокат Сет Абрамсон.

Објавувајќи фотографија на која се гледа стариот МиГ-29, тој повтори дека се уште не се знае дали се работи за вистинска личност. Други пишуваат дека, без разлика дали бил вистинска личност или не, тој бил инспирација за сите Украинци.

– Душата на Киев, никогаш нека не ти биде скршен духот, стои во еден коментар под објавените видеа.

Во меѓувреме се дозна дека едно од видеата е направено во борбен симулатор, но авторот на видеото тврди дека тоа го направил од почит кон „духот“, пишува „Newsweek“.

-Ако е вистински, Господ нека е со него, а ако не е, се молам да се појават повеќе такви, напиша тој.

Слични содржини