Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во регионот се јасен показател дека е во тек организиран проект, поддржан од моќни проруски и прокинески центри, со цел уривање на демократскиот поредок на Балканот и запирање на процесот на европска интеграција. Станува збор за добро организиран проект поддржан политички, медиумски и финансиски од антизападни сили, кои сакаат да го изолираат регионот и да го претворат во област под влијание на источните автократии, велат од ДУИ преку соопштение.
Во ова опасно сценарио, за жал, како што велат, некои албански фракции во сегашната влада станаа и активни учесници, „вазали избрани и контролирани од премиерот Христијан Мицкоски преку Обвинителството, со цел да ги сокријат криминалните работи што им тежат“.
-Овие некомпетентни и корумпирани „албански партнери“ не можат да бидат легитимна заштита за толку опасен, антиалбански и антиевропски проект. Јасно кажуваме: Албанците никогаш нема да дозволат државата да стане сојузник на Додик, како инструмент за саботажа на Брисел во регионот.
Нема да прифатиме да станеме заложник на агенда што ќе ја демонтира еднаквоста, демократијата и европската перспектива на нашата држава, порачаа од партијата на Али Ахмети.