77
Денеска од ДУИ преку прес-конференција порача дека не се согласуваат со принципот на функционирање на паралелната Албанска академија на науките и уметностите.
Од партијата од Мала Речица велат дека Академијата е пропагирана на национално ниво, а стана невладина организација.
-Ние не сме дел од такви проекти. Во тие општини каде на власт се партиите од ВЛЕН, сме опозиција и не сме дел од владеачкото мнозинство, кажа генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети одговарајќи на новинарско прашање дали советниците од редовите на неговата партија ќе ги гласаат општинските буџети за 2025 година со кои ќе се финансира Албанската академија и што мислат за ваквата идеја.