ДУИ бара од Мицкоски да не повикува на војна и да се поклони пред спомен-кулата во Слупчане

од Nikola Popovski
346 прегледи

ДУИ бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наместо да се грижи за партијата од Мала Речица, да се грижи за Северна Македонија.

Од партијата на власт во своето соопштение се осврнуваат на вчерашната изјава на претседателот на најголемата опозициска партија.

-Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик. Наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане, порачаа од партијата на Ахмети.

Мицкоски вчера од Кисела Вода обвини дека случајот „Феникс“ е театар и дефокус на јавноста и ги прати новинарите да прашаат во Слупчане за споменикот на УЧК.

-Можеби е добро од тука, од оваа прес конференција, заедно со камерите да појдете на споменикот од Слупчане и да прашате таму во Слупчане кој ја дал дозволата за градба, кој го финансирал и како е финансиран, и го охрабрувам истиот тој обвинител за кој што вие  кажувате да отвори една таква предистрага, нека се охрабри, барем предистрага, или можеби сакате да одиме до Зајас или можеби сакате до Колари или сакате уште во неколку места да ве однесам во Македонија, каде што има такви нелегални градби, и каде што има основано сомневање за еден можеби поспектакуларен случај од овој кој што служи исклучиво за дефокус од криминалите на овие неколку семејства кои што денеска ја имаат за жал заробено Македонија, кажа лидерот на опозицијата.

Слични содржини