ДУИ: Дали стравот од ветинг е поврзан со криминалната активност на урбаните мафијашки олигарси во општините?

од Nikola Popovski
594 прегледи

Демократската унија за интеграција преку соопштение ја изрази својата загриженост за силната реакција што ја гледаат по нивното барање за меѓународно мониториран ветинг.

„Дали овој очигледен страв е тесно поврзан со криминалната активност на урбаните мафијашки олигарси во општините, што ги прави најбогатите незаконски богати олигарси во оваа земја. Урбаната мафија не само што помогнаа да се создадат диви имоти, туку и донесоа сериозно стеснување на просторот за живеење на граѓаните.

Сега е време да се стави крај на овој урбан криминал. Времето за правда е сега, преку меѓународно мониториран ветинг. Времето за меѓународен ветинг да биде инклузивно и притоа никој да не биде исклучен“, се вели во соопштението на ДУИ.

ДУИ сè уште живее во меурот од сапуница создаден поради нивната корумпираност и нивните подложни на корупција партнери од СДСМ. Јасно е дека сакаат да си го кријат криминалот, но нема да успеат, велат во ВМРО-ДПМНЕ по објавата на премиерот Христијан Мицкоски дека ДУИ подготвува дестабилизација на државата.

-ДУИ и СДСМ прават маневар за да можат секоја постапка која би се отворила против член на нивното раководство да ја претстават како партиска пресметка, вели пратеничката и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

ДУИ останува на ставот дека тие треба да се во власта и по одржаното централно претседателство велат дека ќе ги употребат сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните.

Слични содржини