ДУИ до Мицкоски: Дали добивате „паничен напад и главоболка“ како што тврдите за обвинителите, па сте заборавиле да ги гоните вашите актуелни министри?

од Nikola Popovski
570 прегледи

Демократската унија за интеграција најостро го осудува систематското заробување на правосудните институции од оваа власт и сообразноста на дел од судиите и обвинителите кои се ставени во служба на политиката. Од партијата велат дека овој вознемирувачки тренд го поткопува владеењето на правото и ја уништува довербата на граѓаните во институциите кои треба да гарантираат правда за сите.

-Вчерашната одлука на Обвинителството за ослободување на прогласените виновни за обидот за пуч на 27 април, за да се спречи изборот на првиот Албанец претседател на Собранието, со јавното признание на самите обвинители дека има селективна правда, под политичи притисок и сето тоа направено на празник со надеж дека ќе помине незабележано од меѓународната заедница, е јасен одраз на ова заробување.

Му се обраќаме и на премиерот Мицкоски: Што стана со „Плоштадот Тендербег“, како што тој го нарече плоштадот Скендербег, за кој своевремено го обвини Изет Меџити? Што се случи со истрагата за 30-те згради што беа изградени како „архитектонски Титаник,“ наводно изградени во 2011 година, кога беше во сила законот за легализација?“

„Премиере, каде се истрагите за министерот за „смртта,“ како што го нарекувавте Арбен Таравари, кој според вас добил подарок две куќи за да стане министер во нашата влада? Или можеби вие сами добивате „паничен напад и главоболка“ како што тврдите за обвинителите и поради тоа сте заборавиле да ги гоните вашите актуелни министри?“ прашуваат од ДУИ.

Од партијата на Али Ахмети велат дека наместо да се подобри владеењето на правото, власта го претвори во карикатура на правдата.

-За само шест месеци успеавте да ги поткопате темелите на граѓанската доверба со воведување на селективна правда која им служи само на вашите политички интереси. Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го осудува и да се бори против овој срамен обид за заробување на државата и правдата.

Граѓаните на нашата земја заслужуваат вистинска правда, еднакви и независни од политиката, стои во партиското соопштение.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера повторно порача дека размислува за неколку потези што ќе ги преземат во судско-обвинителските институции по празниците затоа што, и покрај најавите, како што вели, дека се поминати оние синдроми на анксиозност, дијареја, грчеви, покачена температура, се уште гледам дека тие процеси траат кај одредени обвинители и судии.

-Со оглед на интересот на јавноста во врска со денешното рочиште по предметот познат во јавноста како „Организатори на 27ми април“, а во поглед на важењето на Законот за амнестија за дел од обвинетите во предметот, во насока на објективно информирање, Ве известуваме дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по барањето на Основниот кривичен суд Скопје достави мислење во однос на поднесените барања од обвинетите против кои се води постапка во однос на примената на Законот за амнестија, информираа вчера од Обвинителството преку соопштение.

Оттаму велат дека мислењето е донесено врз основа на заземен став на Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во проширен состав, откако со напатствија на Апелацискиот суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје беше задолжен да се произнесе во поглед на важењето на амнестијата за дел од обвинетите.

Слични содржини