ДУИ: Доколку Сиљановска не го преиспита својот став, албанскиот народ нема да ја препознае нејзината функција како своја

од Nikola Popovski
317 прегледи

ДУИ ја критикува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова поради нејзината вчерашната изјава. Велат дека „во време кога мултиетничкиот карактер на земјата е под сериозна закана, шефицата на државата отворено застанува на страната на Владата, игнорирајќи ги механизмите за заштита од етнички мајоритаријанизам“.

-Со нејзината изјава дека „не е важно колку пратеници Албанци ќе го напуштат парламентарното мнозинство, сè додека Владата има 61 пратеник – нема потреба од предвремени избори“, претседателката испраќа јасна порака дека етничката рамнотежа и чувствителноста на коалициските партнерства не се дел од нејзините политички приоритети.

Силјановска премногу лесно се откажа од клучната улога што треба да ја има претседателот на државата – да биде фер арбитар на различните политички позиции, со цел обединување на сите граѓани, без оглед на нивната етничка, политичка или каква било друга припадност, наведуваат од Мала Речица.

Додаваат дека наместо да биде обединувачка, Сиљановска избрала да биде дел од партиската поларизација.

-Овој пристап потсетува на темните времиња, кога мајоризација камуфлирана зад „системи на заслуги“ и „почитување на законот“, беше алатка за систематско угнетување на Албанците.

Јасно е дека доколку не се обезбедат дополнителни уставни и политички механизми што ќе гарантираат консензуалност во изборот и функционирањето на претседателот, оваа функција ќе продолжи да се перцепира како исклучиво етничка – а не ориентирана исклучиво кон потребите на една заедница.

Доколку Сиљановска Давкова не го преиспита својот став, таа ризикува да биде препознаена само од дел од населението. Албанскиот народ нема да ја признае нејзината функција како своја, туку како туѓа и неавтентична на мултиетничкиот карактер на државата, стои во соопштението на партијата на Али Ахмети.

Претседателката вчера истакна дека „за разлика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јас ќе ги мерам зборовите“.

-Не сакам да се мешам во судската власт, меѓутоа сите се повикувале на независноста на судската власт. Ваквиот говор значи притисок врз судската власт, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за изјавите на лидерот на ДУИ кој пред три дена порача дека ако неговиот сопартиец и екс-министер Крешник Бектеши биде обвинет за пожарот во Кочани, ДУИ ќе излезат на улица и како што рече, „враќање нема“.

Шефицата на државата истакна и дека не сака дава оценка на квалификацијата и смета дека е „момент на слабост“.

-Не сакам да речам момент на искреност. Верувам дека 30 години потоа и ДУИ 20 години во власта, треба да се почитува начелото на поделба на власта и партиите треба да се држат настрана, кажа Сиљановска Давкова и додаде нема потреба од предвремени парламентарни избори доколку Арбен Таравари го напушти владејачкото мнозинство.

Слични содржини