ДУИ ги поддржува измените на Изборниот законик

од desk3
122 прегледи
ДУИ ги поддржува измените на изборниот законик за да се овозможи нормално функционирање се до одржување на изборите и изборот на новата администрација,  рече партискиот лидер Али Ахмети по средбата со амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромео, на кој  разговарале за формирањето на новата Влада, за настаните на 27 април во Собранието но и и за локалните избори.
 
На средбата со амбасадорот, Ахмети  нагласил дека ДУИ го почитува уставниот поредок како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа. Појаснил и дека нема никакви пречки за одложување и дека приоритет на новата влада се реформите во судството, евро-атланската интеграција, Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и економскиот развој и отворањето на нови работни места, соопштуваат од ДУИ.