ДУИ го обвинува Стоилковиќ дека отпуштил седум Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците

„Од првиот ден од формирањето на Владата и преземањето на овој ресор од страна на Стоилковиќ, вработените Албанци зборуваат за намерна изолација на еден кат од министерството, целосен недостаток на основни услови за работа, постојан психолошки притисок и перманентен страв од селективни отпуштања“, порачаа од ДУИ

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Фејсбук

Демократската унија за интеграција преку објава на Фејсбук го изрази своето негодување и длабока загриженост поради, како што велат, скандалозната и политички неприфатлива постапка на министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој, како што информираат, отпуштил седуммина вработени Албанци од неговиот ресор.

Од партијата велат дека оваа одлука претставува директен удар врз принципите на рамноправност, коегзистенција и правична застапеност и не може да се оправда со невистинити и навредливи оправдувања за јавното мислење, како што е тврдењето за таканаречена „дисциплинска мерка“.

-Во услови кога на вработените им се одземаат најосновните елементи за работа – функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни задачи – секоја таква мерка е административна фарса и доказ за однапред смислена дискриминаторска намера.

Од првиот ден од формирањето на оваа Влада и преземањето на овој ресор од страна на министерот Стоилковиќ, вработените Албанци зборуваат за сега веќе позната реалност: намерна изолација на еден кат од министерството, целосен недостаток на основни услови за работа, постојан психолошки притисок и перманентен страв од селективни отпуштања. Денешната одлука само ја потврдува оваа доследна и добро организирана практика, стои во соопштението од ДУИ.

Таборот на Али Ахмети тврди дека оронијата е шокантна и политички опасна: министерството чија мисија е да ја заштити меѓуетничката рамноправност свесно станува флагрантен пример за нејзино кршење.

=Оваа акција не е ниту случајна ниту индивидуална, туку одразува пристап што директно го нарушува духот и принципите на Охридскиот договор.

ДУИ ја оценува оваа ситуација не како едноставен административен проблем, туку како сериозен политички и општествен аларм, и таков што ги загрозува меѓуетничките односи. Одговорноста не паѓа само на министерот Стоилковиќ, туку и на неговите владини партнери, особено на ВМРО-ВЛЕН, чие молчење пред овој скандал е исто толку алармантно како и самите постапки на министерот и претставува политичка ко-одговорност.

Демократската унија за интеграција бара итно прекинување на дискриминаторските практики во ова министерство, безусловно враќање на неправедно отпуштените вработени, како и целосна институционална истрага и јасна политичка одговорност за овој флагрантен чин на дискриминација, стои во партиското соопштение од Мала Речица.

Слични содржини