ДУИ го поздрави претседавањето на С. Македонија со ОБСЕ

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Демократска Унија за Интеграција го поздравува претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација.

ДУИ оценува дека ова е „голем успех во планот на нашата земја во меѓународната арена“.

„Под слоганот „За луѓето се работи” фокусот на претседавање ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност. 2023 година ќе биде важна година за меѓународната позиција на Република Северна Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање значи долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност.

Северна Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет, дека преку политички дијалог, демократски средства и демократско владеење ги остварува своите цели како на домашен, така и на меѓународен план“, соопштија од партијта на Ахмети.

Слични содржини