ДУИ го поздравува поставувањето на камен-темелникот на Коридор 8

од Nikola Popovski
216 прегледи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го поздравува денешниот чин на поставување на камен-темелникот на Коридорот 8, најголемата инвестиција и најважниот инфраструктурен проект во историјата на државата.

-На денот на формирањето на НАТО, кое го симболизира обединувањето на народите, се гради уште еден коридор на обединување, нов пат за напредок на земјата и зајакнување на соработката меѓу народите од регионот, неопходен за заедничкиот прогресивен развој.

Во Коридорот 8 е современата иднина која ќе ги скрати временските растојанија на патување, ќе го забрза и модернизира трговското движење на стоки, уште повеќе ќе не приближи еден до друг во главната цел за напредок и интеграција во Европската Унија. Најголемата инфраструктурна инвестиција вредна 1,3 милијарди евра ќе овозможи поврзување со автопат со 6 ленти од Куманово и Скопје, Тетово и Гостивар, Кичево и Струга, до Тирана, Драч и Валона.

Овој проект е најдобрата услуга што им ја правиме на новите генерации кон иднината на здружување на силите за општото добро на нашите земји, порачаа од ДУИ.

Слични содржини