ДУИ: Годинава повторно ги зголемуваме минималната плата и пензиите

од Stefanija Kuzmanovska
117 прегледи

И во текот на оваа година ќе продолжат успешните економски мерки во земјава. Демократската унија за интеграција отсекогаш како прв фокус ја имала грижата за граѓаните, па од март зголемувањето на пензиите ќе продолжи за околу 7%, со вклучување на околу 330 илјади пензионери, соопштија од владиниот партнер на СДСМ.

„Заедно со пензиите се создадени услови за зголемување на минималната плата за 10%, која нема да биде ни помалку ни повеќе од 20 илјади денари, што ќе се усогласи со зголемувањето на платите во сите сектори.

Демократската унија за интеграција оценува дека активно работи на привлекување странски инвестиции кои отвораат нови работни места и дека процентот на невработеност во земјава автоматски се намалува, а истовремено се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки.

Во Буџетот за 2023 година се предвидени 800 милиони евра за капитални инвестиции што ќе резултира со голем економски раст кој според прогнозите на Европската банка за обнова и развој ќе биде околу 2,3%.

ДУИ активно и ефикасно го штити стандардот на граѓаните и обезбедува континуирана поддршка за компаниите“, додаваат од партијата на Ахмети.

Слични содржини