Претседателот да ДУИ Али Ахмети кажа дека на изборите за претседатели и членови на локалните совети во 10 ограноци биле пријавени 10 423 членови.
– Следните две децении ДУИ ги започнавме со водење на целосно демократски процес со непосредни избори и овој процес нема да застане тука, туку ќе продолжи и во другите ограноци, правејќи ја ДУИ и нејзините граѓани уште посилни и подемократски, поодговорни со единствена цел за да бидеме на граѓаните, за граѓаните и со граѓаните, рече Ахмети.
Во огранокот во Боговиње за претседател е избран Бесник Емшиу, во Брвеница – Еркин Јахи, Чашка – Нафи Дурмиши, Долнени – Џемил Ќамили, Гостивар- валдет Џафери, Студеничани – Ејуп Абази, Теарце Нухи Незири, Тетово – Фатон Ахмети, Врапчиште – Неби Реџепи и во Желино е избран Емир Сулејмани.