ДУИ: Изјавите на некои албански партии се напишани во седиштата на македонските партии

од Nikola Popovski
82 прегледи

Демократската унија за интеграција порачува дека Албанците нема да бидат алатки на туѓи сценарија и за албанските партии на власт. Наведуваат дека наместо да градат политики кои им служат на националните интереси на Албанците, овие политички субјекти станаа алатки на силите кои имаат намера да наштетат нашите интереси.

„По вчерашното срамно откритие, каде се покажа дека изјавите на некои албански партии се напишани во штабовите на македонските партии, а потоа предадени за напад на ДУИ и нашиот лидер Али Ахмети, сакаме да нагласиме дека овој чин предизвика длабок гнев и револт меѓу Албанците. Албанците никогаш нема да прифатат да бидат користени како алатки во сценарија напишани во седиштата на македонските партии.

Наместо да градат политики кои им служат на националните интереси на Албанците, овие ентитети станаа алатки на силите кои имаат за цел да им наштетат на нашите интереси. Ова е напад не само врз партија или поединец, туку обид за намалување на достоинството и националните аспирации на Албанците.

ДУИ останува решена да ги штити интересите на Албанците, транспарентно и достоинствено. Нема да дозволиме овие ниски маневри да не спречат на нашиот пат кон исполнување на аспирациите на Албанците за еднаквост и правична застапеност. Ги повикуваме сите албански граѓани да продолжат да останат обединети и будни против овие обиди да не поделат и манипулираат со јавното мислење.

ДУИ и Али Ахмети ќе продолжат со максимална посветеност достоинствено да ја водат албанската кауза, секогаш почитувајќи ја волјата и аспирациите на албанскиот народ“, соопштија од партијата од Мала Речица.

За одлуката на Уставниот суд со која го замрзна „балансерот“ министерот за здравство Арбен Таравари вели дека е избрзана, иако посочува и самиот дека вработувањата по етнички клуч се злоупотребуваа. „Не ни требаат вакви тензични состојби“, вели Таравари.

Останувам на мислењето дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат, но се залагаме за квалитет при вработувањата, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев ја поздрави одлуката на Уставниот суд, при тоа нагласувајќи дека засега не се подготвува законско решение бидејќи ќе се чека конечната одлука на највисокиот суд.

И додека од коалицијата Вреди посочуваат оти изработуваат законско решение за правична застапеност кое ќе биде на јавен увид и во консултација со експерти, со цел вработувањата да се врз основа на професионалните вештини. ДУИ смета дека е прекршен Уставот и апелира за итно преиспитување на одлуката на Уставниот суд.

Слични содржини