Поранешниот пратеник и поранешен лидер на ПДП, Абдулади Вејсели смета дека без Али Ахмети, ДУИ нема да може да опстане.
-Едно е јасно и треба сите да знаеме – нема да остане ништо од ДУИ, ако го нема Али Ахмети. Тоа треба да биде јасно на секој член на ДУИ. Тој е единствениот човек што се обидел и што имал постојано проблеми во самите редови и ги решавал. ДУИ не е мала партија со четири-пет души. Тоа е големо друштво и семејство, каде што секогаш ќе наоѓаш незадоволни лица, контатира Вејсели.
Тој вели дека „ДУИ ќе се распарчи на три-четири дела ако го нема Ахмети“.
-Човечките односи не се баш на најдобро ниво. Ако е незадоволството е поради организацијата на партијата, тогаш во ред, но не мислам дека е само тоа. Не беше ударот врз Артан Груби. Не е целта Груби или сите министри во Владата. Целта беше лидерот на ДУИ. Тие немаа смелост тоа да го кажат јавно. Ова беше против Ахмети, рече Вејсели во емисијата „24 отворено“.