ДУИ: Меџити јавно призна дека Владата може да интервенира во одлуките на судовите и Обвинителството

од Nikola Popovski
76 прегледи

ДУИ со критики кон еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити и неговите изјави. Велат дека се шокантни и вознемирувачки.

-Во телевизиско гостување на едно од провладините медиуми, Меџити изјави дека „ако Таравари одлучи да соработува со ДУИ, тогаш Владата ќе ѝ направи услуги на ДУИ за ослободување на обвинетите за корупција“. Ова не е лапсус. Ова е јавно признание дека правосудниот систем во државата е заробен и дека Владата може да интервенира во одлуките на обвинителството и судството, соопшти ДУИ.

Според партијата на Али Ахмети, то значи дека правдата не функционира независно, туку се води според нарачки и интереси на неговиот политички шеф – Христијан Мицкоски.

-Во една нормална држава, ваква изјава ќе предизвикаше итна институционална истрага и силна реакција од меѓународната заедница. Затоа што ова е дефиниција за заробена држава – кога Владата одлучува кој ќе биде обвинет, а кој ќе биде ослободен од корупција. Можеби токму затоа, најголемиот урбан корупциски случај во Чаир, иако јавно документиран и пријавен, сè уште чека правна разрешница во фиоките на Обвинителството. Затоа што Владата прави ‘услуги’, ги заштитува избраниците и ја блокира правдата, стои во ставот на ДУИ.

Таравари да избере страна, не може да биде дел од ВЛЕН и да преговара со ДУИ и Ахмети, изјави вчера вицепремиерот и министер за животна средина. Вели, тоа може да ги поткопа смислата на промената и поделбата на политичките концепти.

Слични содржини