ДУИ: Мицкоски ја гледа Македонија само како држава на Македонците

од Nikola Popovski
148 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака да се менува. Напротив, ги продлабочува етничките поделби, велат од ДУИ преку соопштение.

Според владеачката партија, алудирајќи на правичната застапеност на Албанците, „лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски обвини дека лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја има државата на тацна и дека 100 луѓе од ДУИ одлучуваат за 2 милиони луѓе“.

-Со овие обвинувања Мицкоски покажува дека Македонија ја гледа само како држава на Македонците, а Албанците се негови аргати. Европскиот фронт го информира Мицкоски и неговите деривати дека Македонија е заедничка држава за сите, без разлика на етничката припадност, а вака ќе биде и по 24 април и 8 мај, кога Европскиот фронт ќе постигне длабока победа над партнерите на Мицкоски и оние што се престроени со Москва и Русија.

Албанците докажаа дека знаат да ја водат државата на најдобар начин, а тоа го докажуваат премиерот Талат Џафери и шефот на дипломатијатa Бујар Османи, воедно иден претседател на државата, потенцираат од ДУИ.

Мицкоски вчера порача дека ДУИ и СДСМ се лицето и опачината на една иста паричка.

-Ковачевски на тацна му ја подари Македонија на главниот стопан Ахмети. 100 души од ДУИ управуваат со два милиони народ. Тие одлучуваат за тендерите, за тоа кој да се вработи, кој каква работа да добие. 20 години се силно навлезени во институциите кои ги криминализираат до највисока мера, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својот говор на вчерашниот митинг во Кочани.

Слични содржини