ДУИ: Мицкоски нема легитимитет да се меша во албанската политичка сцена

од Марта Пешевска
136 прегледи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираше со загриженост на последните изјави на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обиде да наметне свои предлози за коалиции на албанската политичка сцена. ДУИ ја оцени изјавата на Мицкоски како опасен обид за мешање во политичката волја на албанските гласачи и нагласи дека ова претставува “црвена линија” која не смее да биде премината.

Според партијата, Мицкоски нема ни политички ни морален легитимитет да се меша во албанското политичко претставување, бидејќи неговата кариера е изградена врз омраза и национализам. ДУИ исто така го предупреди дека неговиот политички стил не е компатибилен со мултиетничката природа на државата и дека не е и нема да биде “тутор” на албанската политика.

Партијата повика на зачувување на политичката зрелост и достоинство на Албанците, истакнувајќи дека нивното претставување произлегува исклучиво од нивната политичка волја.